Home » Ралпоски: Законот за организација на работата на органите на државната управа е добредојден, добивме уверувања дека ќе нема отпуштања на работници

Ралпоски: Законот за организација на работата на органите на државната управа е добредојден, добивме уверувања дека ќе нема отпуштања на работници

by Журнал.мк

Малку поразлично ја гледаме оваа трансформација на министерствата, затоа што ние претходно, на 1 мај, побаравме од сите политички партии да излезат пред нас со програмите кои што нè засегаат нас, како работници. Дојдоа на 1 мај, ги објаснија овие реформи што ги сакаа да ги направат, истакна Благоја Ралпоски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати (КСС), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Прво, како синдикати, ние сме загрижени дали ќе има отпуштања, дали ќе има намалувања на работните позиции. Не, нема да има. Тоа ќе биде класично преземање, преземање преку Влада, со систематизации во новите министерства со цели сектори. Такви уверувања добивме, така да во тој дел ќе нема никакви отпуштања од работните места“, изјави Ралпоски.

Според него и КСС, реорганизацијата на работата на органите на државната управата е добредојдена во државата.

„Затоа што знаеме дека во изминатите седум години, ние како Синдикат не бевме уважени во социјалниот дијалог, протестиравме и тоа беше самоволие на оние кои го водеа синдикатот или власта. Сега буквално го отвораме оној трипартитен социјален дијалог, каде што синдикатите самостојно треба да се изборат во делот што им припаѓа. Тоа е поттик за нас синдикатите, Колку сме посилни, толку повеќе да се избориме за работничките права“, смета Ралпоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More