Пред натпреварот против Казахстан во репрезентацијата на Австрија владее големо незадоволство околу селекторот Рагник.
Иднината на Рагник е неизвесна, а сега свој коментар даде и легендарниот Лотар Матеус.
„Рагник донесе многу за австриската репрезентација и успесите во последниот период се благодарение на него. Кога имате таков експрет треба да го задржите“, гласеше пораката на Матеус.
Сепак, во федерацијата има други проблем. Рагник би можел да замине поради конфликт со првиот човек на федерацијата Клаус Митердорфер.
Австриските медиуми пренесуваат дека еден од нив сигурно ќе замине, а тоа тешко дека ќе биде Митердорфер. Фудбалерите се на страната на Рагник, но прашање е колку е тоа доволно.