Home » Рафиња го пецна Реал: Фудбалот се игра на терен, не се важни само имињата

Рафиња го пецна Реал: Фудбалот се игра на терен, не се важни само имињата

by Lina Muslija

Рафиња летово беше поврзуван со заминување од Барселона, но екс-фудбалерот на Лидс одби богата понуда од Саудиска Арабија за да остане и да се бори за што позначајна улога кај новиот тренер Ханси Флик.

Тој се наметнува како еден од клучните играчи на стартот од сезонава, веќе има три гола зад своето име и верува дека најдоброто од него во дресот на Барса допрва следи.

„Искрено, ме болеа сите оние пишувања како треба да си заминам, како за мене нема место во Барса. Од една страна знаев дека не се вистинити, но никогаш не ти е сеедно, особено ако сакаш да останеш. Јас сум пресреќен овде, уживам во градот и во клубот, во Ханси Флик добивме тренер што инсистира на офанзивен фудбал, што мене апсолутно ми одговара. Флик верува во моите способности, имам слобода во нападот и тоа се одразува позитивно, но верувам дека се уште го немам достигнато максимумот, најдоброто од мене допрва следи“, изјави Рафиња.

Тој не ја пропушти шансата да го „пецне“ Реал Мадрид откако „кралевите“ по четири рунди веќе имаа два „кикса“ (реми со Мајорка и со Лас Палмас) иако се очекуваше доминантно да стигнат до титулата откако летово го доведоа Килијан Мбапе како супезасилување.

„Да бидам искрен, изненаден сум што Реал почна така… На хартија се навистина моќни, се очекуваа победи на тие натпревари. Сепак, она што им се случи е само уште еден доказ дека во фудбалот не играат имиња, мора да се излезе на терен и таму да се докаже дека си подобар ако сакаш да ги освоиш бодовите“, прокоментира Бразилецот од таборот на Барса.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More