Гостување во Париз кај ПСЖ е првиот предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Левото крило на битолчани, Богдан Радивојевиќ изјави дека тимот нема да оди во Париз да изгуби, туку да се бори за подобар резултат, со надеж дека во овосезонското издание екипата ќе успее да освои бодови.
„Не одиме во Париз да изгубиме, туку да се бориме. Минатата сезона доста добро игравме на некои натпревари, но на крајот не успеавме да освоиме бодови. Се надевам дека сега ќе бидеме наградени и дека бодовите ќе дојдат“, изјави Радивојевиќ.