Home » Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува низ Софија

Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува низ Софија

by Журнал.мк

„Отсекогаш сум ги поканувал претседателите на РМ да дојдат во Бугарија, бидејќи нивниот пат до Брисел минува преку Софија. Се надевам дека тамошните политичари сфатија дека изборната кампања е завршена и ако нивните деструктивни разговори и однесување се претворат во вистински дејствија, тоа ќе значи туркање на нивната земја во изолација“. Вака денеска изјавил бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ги последните пораки од Македонија, одговарајќи на прашањето дали би ја поканил неговата нова македонска колешка Гордана Силјановска-Давкова на средба во Бугарија.

Шефот на бугарската држава изразил очекување дека секој политичар кој ќе ја претставува Бугарија во Европскиот совет ќе го брани бугарскиот национален интерес.

„Очекувам да разберат дека Бугарија, Грција и ЕУ им порачуваат дека меѓународните договори мора да се почитуваат. Преговорачката рамка мора да се спроведе“, ни порачал Радев.

Тој потсетил дека прашањето меѓу Бугарија и Македонија веќе не е билатерално, туку европско.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More