Home » Радев и испрати честика на Силјановска: 2-ри август е славен датум за нашата заедничка историја и настаните од Илиденското – Преображенско востание

Радев и испрати честика на Силјановска: 2-ри август е славен датум за нашата заедничка историја и настаните од Илиденското – Преображенско востание

by Журнал.мк

Шефот на бугарската држава, Румен Радев и испрати честитка на претседателката Силјановска со која и го честиташе 2-ри август како славен датум за заедничката историја и настаните од Илиденското – Преображенско востание. Тој притоа посочи дека Бугарија е решена да работи на воспоставување на добрососедски односи со Македонија.

„Како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги следиме и достојно да ги чуваме заветите од нашето минато, заради нашата заедничка европска иднина“, порачува претседателот на Радев во честитката до граѓаните на Македонија

Шефот на бугарската држава во честитката посочува дека 2 август е „славен датум за нашата заедничка историја и заедно со настаните поврзани со Илинденско-Преображенското востание, се причина за гордост и почит кон храброста и посветеноста на нашите предци во името на нивните аспирации за слобода, еднаквост и правда“.

Според него, саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание го носи сеќавањето низ времето кое засекогаш ќе ги поврзе Бугарија и Република Северна Македонија и нивните граѓани.

„Високите идеали на востанието денес се основата на вредностите на обединета Европа“, потенцира Румен Радев, констаирајќи дека заедничката европска иднина бара неопходна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и преземените обврски“ пишува во писмото на Радев.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More