Home » Радев: Ги поздравувам намерите на Владата за интензивирање на дијалогот со Северна Македонија

Радев: Ги поздравувам намерите на Владата за интензивирање на дијалогот со Северна Македонија

by Журнал.мк

Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Верувам дека ќе се исполнат сите ветувања и заложби од нашите соседи за да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија“, рече Радев.

Шефот на државата ги поздрави намерите на бугарската Влада за интензивирање на дијалогот од заеднички интерес.

Тој повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, прекинот на говорот на омраза и прекинот на процесите на дебугаризација ќе помогнат да се забрза процесот за Бугарија да може да ја отвори вратата за преговори за членство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More