Home » Работниците на Стелантис во Италија во штрајк оти фабриките не работат под полна пареа

Работниците на Стелантис во Италија во штрајк оти фабриките не работат под полна пареа

by Lina Muslija

Најголемите работнички синдикати во Италија ги повикаа работниците во фабриките на Стелантис и во фабриките на добавувачите на штрајк на 18-ти октомври, за да се побунат за опаѓањето на продукцијата на автомобилскиот концерн во земјата, јавуваат од синдикатот УИЛМ.

Во повеќето фабрики на Стелантис во Италија значително опадна продукцијата во првите шест месеци, покажуваат податоците од работничките синдикати. Вкупната продукција се намали за 25 проценти.

Според сегашните предвидувања, Стелантис годинава ќе ја заврши со произведени малку над 500.000 возила во своите фабрики во Италија. Синдикатите ФИМ-ЦИСЛ споредуваат дека во 2023 година биле произведени 751.000 возила.

„Лоша е ситуацијата, многу е лоша,“ изјави Роко Паломбела од синдикатот УИЛМ на конференцијата за медиуми на 24-ти септември, на којашто присуствуваа и лидерите на ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ, уште два големи синдикати на работници во металопреработувачката индустрија во Италија.

Работењето во италијанските фабрики на Стелантис повеќепати беше запирано во изминатите месеци, главно поради смалената побарувачка, а посебно за електричниоте возила. Вработените беа испраќани на принуден одмор, главно платени од пари од даночните обврзници.

Премиерката Џорџа Мелони со месеци е на воена нога со Стелантис, каде што припаѓаат италијанските марки Фиат, Алфа Ромео, Ланчиа и Масерати. Мелони го обвинува производителот на автомобили дека ги запоставил историски значајните фабрики во Италија.

Владата преговара со Стелантис, единствен голем производител на автомобили во земјата, за продукцијата да се зголеми на најмалку 1 милион возила годишно до завршетокот на деценијата. Досега не е постигната таква спогодба.

Рим во меѓувреме преговара со кинески производители, за да ги поттикне да изградат фабрика и да бидат конкуренција на Стелантис.

Паломбела изјави дека синдикатите се сомневаат во успешноста на владината стратегија да привлече нови производители на автомобили, додека се бара Стелантис да ја зголеми продукцијата, иако пазарната побарувачка е забавена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk