Фудбалерите на Работнички загубија по изведувањето на пеналите во натпреварот за 3. место на интернационалниот турнир „Медулин Куп“ во Хрватска.
Во битката за третото место на турнирот „романтичарите“ загубија со 4-5 по пеналите од екипата на Бокељ, откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.
Со тоа, Работнички ги заврши своите подготовки во Медулин. Претходно македонскиот тим загуби од Прва Искра (1-2), ремизираше (2-2) со американскиот Краун Легаси, и славеше против Младост ДГ со 2-1.
„Генералката“ пред стартот на вториот дел од сезоната за Работнички ќе биде престојниов викенд против второлигашот Кожуф.