Home » Работнички му се заблагодари на Горан Станиќ, тој продолжува како селектор на Македонија У21

Работнички му се заблагодари на Горан Станиќ, тој продолжува како селектор на Македонија У21

by Lina Muslija

Македонскиот прволигаш Работнички официјално ја објави разделбата со досегашниот шеф на стручниот штаб Горан Станиќ. „Романтичарите“ му се заблагодарија на Станиќ за одличната сезона и резултатот што го оствари со тимот, враќајќи го Работнички на европската сцена по седум години.

Последниот натпревар од шампионатот против Брера беше воедно и последен за Горан Станиќ како шеф на стручниот штаб на клубот од Дебар Маало. Во иднина, тој целосно ќе се фокусира на својата улога како селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Работнички беше важна станица во тренерската кариера на Станиќ, кој пред ова имаше искуство и во младинските селекции на Македонија до 17, 18 и 19 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk