Екипата на Работнички е младински првак на Македонија и за првпат во историјата ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите за младинци на УЕФА.
Работнички по 22 одиграни кола во младинскиот шампионат заврши на првото место на табелата со 51 бод. На своето конто забележа 16 победи, три нерешени и три порази.
Тимот предводен од Томислав Франц ја завери титулата со домашна победа над Брегалница Штип со 2-1, со головите на Бектеши и Подграѓа.
За Македонија ова ќе биде седмо учество во квалификациите за Лигата на шампионите. Претходно таму играа Шкендија, која беше трипати во првото коло, како и Вардар, Победа и Брера Струмица.