Home » Работна делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг

Работна делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг

by Журнал.мк

Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска и утре ќе биде делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг.

На средбата свои обраќања ќе имаат претседавачот на Управувачката група од македонска страна Фадил Зендели и претседавачката на Управувачката група и трета потпретседателка на шведскиот Риксдаг Шестин Лундгрен.

На првата сесија посветена на борбата против корупцијата и мерките за справување ќе зборуваат Маја Морачанин од ДОМ, Гордана Сиљановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Ќамила Хансен од Партијата на зелените. Презентации ќе имаат претседателката на државната Комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и народниот правобранител Насер Зибери.

Попладневната сесија е посветена на европската интеграција на Република Северна Македонија, а воведно обраќање ќе има Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и пратеникот Јуар Форсел од Либералната партија.

Пратениците од двете собранија потоа ќе дебатираат за актуелната политичка ситуација во двата Парламенти. Воведни зборови ќе имаат пратениците Арбана Пашоли од ДУИ, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, Јесика Ветерлинг од Левица и Кенет Г. Форслунд од Социјалдемократската партија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More