Советот на Амбасадори на Северна Македонија во соработка со Советот на амбасадори на Албанија и учество на партнерските организации – Атлантски совет од Босна и Херцеговина, Институт за одржлив демократски развој од Косово и Нов хоризонт од Црна Гора, денеска во Скопје организира работилница под наслов: „Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан“.
Притоа, акцент ќе биде ставен на вештините во дипломатската комуникација, како и комуникацијата меѓу граѓанските организации и граѓанските општества во земјите од регионов за промени во позитивна насока.
Работилницата е дел од регионален проект поддржан со грант од ЕУ Фонд за Западен Балкан.
Воведно обраќање ќе има претседателот на Советот на македонски амбасадори, Ѓорѓи Филипов и претседателот на Советот на албанските амбасадори, Генци Муцај.
Ќе присуствуваат околу 70 претставници на невладини организации од државава, како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.