Заинтересирани за услугите на Рабио има, но проблем прават високите барања кои ги поставува неговата мајка која му е и агент. Таа веројатно повеќе го цени својот син од она што се спремни да го понудата клубовите кои се појавија како заинтересирани.
Последните информации се дека Рабио сега води преговори со Манчестер Јунајтед. Не е првпат Французинот да се поврзува со гигантот од „Олд Трафорд“, се пишуваше за ваква опција и минатата година, но тогаш беше и под договор со Јувентус.
Наводно во овие преговори Рабио е спремен да направи отстапки и да ги спушти барањата за конечно да почне да игра фудбал.