Home » Рајо Ваљекано го назначи помошникот на Франциско за нов тренер на првиот тим

Рајо Ваљекано го назначи помошникот на Франциско за нов тренер на првиот тим

by Журнал

Рајо Ваљекано експресно го назначи наследникот на Франциско Родригез кој вчера доби отказ поради серијата лоши резултати. До крајот на сезоната, тимот чии гол го брани Столе Димитиревски, ќе го предводи Ињиго Перез. За тренерот од Баскија ова ќе биде прва самостојна работа.

Ињиго Перез кариерата која ја започна во Атлетик Билбао, а потоа играше во Уеска, Мајорка, Нумансија и Осасуна ја заврши во 2022 година.

Сезната а започна како еден од помошниците во стручниот штаб на Франциско Родригез. Клупските челници решија нему да му го доверат тимот, со кој треба да избори опстанок во лигата.

Рајо Ваљекано досега освои 24 поени во исто толку натпревари во Примера и се наоѓа на 14. место.

Перез ќе дебитира на клупата во недела, кога Рајо Ваљекано ќе го пречека Реал Мадрид.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More