19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Qualcomm го објави Snapdragon X65 5G модемот со поддршка за 10 Gbps брзини

Најчитани вести

Qualcomm го претстави својот 5G модем од четвртата генерација – Snapdragon X65 5G. Модемот нуди голем број подобрувања во однос на неговиот претходник, но најголемата надградба е секако поддршката за 5G брзини до 10 Gbps. Секако, ќе биде потребно некое време додека имаме оператори што ги нудат овие брзини, но X65 ќе биде присутен кога тоа ќе се случи.

Компанијата посочува и дека X65 има архитектура што може да се надградува и ќе овозможи забрзана примена на новите 3GPP Release 16 функции преку ажурирање на софтверот. Како и претходната варијанта на модемот, Snapdragon X65 има RF примопредавател и RF front-end за покривање на sub-6 GHz 5G i mmWave антена модулот (кој е надграден со QTM545).

Во споредба со претходните модули, Qualcomm тврди дека QTM545 од четвртата генерација нуди поголема моќ за пренос на податоци, како и глобални mmWave фреквенции, вклучувајќи го и новиот n259 (41Ghz) опсег. Модемот ќе користи и вештачка интелигенција за детекција на стискање со раката, овозможувајќи му на модемот да ја прилагоди антената на начин на кој корисниците го држат својот телефон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести