Home » Путин „фрло око“ на шведскиот остров Готланд, сака доминација и во Балтичкото Море – тврди шведски генерал

Путин „фрло око“ на шведскиот остров Готланд, сака доминација и во Балтичкото Море – тврди шведски генерал

by Журнал.мк

Рускиот претседател – Владимир Путин сака доминација во Балтичкото Море и за тоа му е потребен шведскиот остров Готланд, изјави началникот на Генералштабот на шведските вооружени сили, Пер Микаел Бајден.

Тој рече дека Русија е особено заинтересирана за Готланд, најголемиот остров во Шведска, кој се наоѓа на околу 330 километри северно од руската ексклава Калининград и каде е сместена руската балтичка флота и дека е стратешки важен за одбраната на Балтикот.

„Убеден сум дека Путин ги има `двете очи` во Готланд. Целта на Путин е да ја преземе контролата врз Балтичкото Море. Кој го контролира Готланд го контролира и Балтичкото Море“, изјави шведскиот генерал во интервју за германски RND.

Тој додаде дека ако Русија ја преземе контролата врз островот, тоа може да им се закани на земјите на НАТО од морето.

„Ова би значело крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, најави шефот на шведската армија.

Бајден изјави дека поради оваа причина, Шведска го зајакнала своето воено присуство на Готланд, со постојани трупи и дополнителни сили кои можат привремено да бидат распоредени доколку нивото на ризик ескалира.

Шведска официјално се приклучи на НАТО на 7 март, речиси две години откако поднесе барање за приклучување кон Алијансата, објаснувајќи го крајот на 200-годишната формална воена неутралност како директен одговор на руската инвазија на Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More