По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје уште еднаш потсетија дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови.
Според податоците на Институтот за јавно здравје ова е водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година. Колку околу темата – пушењето и последиците, денеска ќе се разговара низ Скопје или повеќе ќе се зборува за законот и каде смее, а каде не смее да се пуши – останува да се види.









