Home » Пукнала тиквата помеѓу газдите на Челси, поради три причини има недоразбирања на адреса Боли-Егбали

Пукнала тиквата помеѓу газдите на Челси, поради три причини има недоразбирања на адреса Боли-Егбали

by Lina Muslija

Медиумите од САД пренесуваат за несогласувања помеѓу сопствениците на Челси, па можно е некој од нив да го напушти клубот и да ги продаде своите акции на другиот.

Во 2022, конзорциум предводен од Тод Боли го купи Челси од Роман Абрамович во зделка вредна околу 4,25 милијарди фунти.

Со новите газди, „сините“ трошат на трансфер пазарот како никој друг, но тоа не носи резултати, па има многу прашалници околу нивната стратегија.

Последните информации говорат за несогласувања зад сцената, односно бил нарушен помеѓу Тод Боли и Бедад Егбали.

За ова се посочуваат три главни причини: Разлики околку трансфер политиката на Челси, слабите партии на тимот и неуспехот при прогресот да се изгради нов стадион.

Се говори дека некој од сопствениците може да го напушти клубот и да ги продаде своите акции на другиот.

Во моментов, фондот Клеарлејк Капитал со Бедад Егбали е мнозински сопственик и поседува околу 62% од акциите на Челси, додека пак Тод Боли има околу 13% од акциите, откако неговиот дел го подели со уште двајца инвеститори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk