Американската полиција соопшти дека било пукано во изборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп.
Штетата предизвикана од неколку истрели испукани по полноќ во понеделникот била откриена во канцелариите на Демократскиот национален одбор во населбата Темпи во Феникс, соопшти локалната полиција.
Полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите лица кои работат и престојуваат на теренот.
Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, но властите ги истражуваат можните мотиви.