Home » Пукање во супермаркет во Грција, има мртви: Купувачите панично избегале

Пукање во супермаркет во Грција, има мртви: Купувачите панично избегале

by Журнал.мк

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во супермаркет во Пиреја кое се случи попладнево.

Првите сознанија од истрагата укажуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.

Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.

“Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите панично трчаа. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад”, велат очевидци.

Според информациите, двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.

Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но не го допрел, бидејќи истрелот го усмртил на лице место.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More