Во утрински часови, жителите на скопската населба Чаир биле вознемирени од пукотници кои одекнувале на улицата „Цветан Димов“.
Според информациите од МВР, околу 08:00 часот било пријавено дека од возило „Ауди А3“ во движење биле испукани неколку куршуми во воздух.
Полициските екипи брзо реагирале, го обезбедиле местото и пронашле пет чаури од гасен пиштол. По спроведените истражни мерки, бил идентификуван и лоциран 23-годишниот А.Д. од Скопје, кој го управувал возилото.