Home » Публиката плачеше и пееше со Андријана на „Ако утре ме нема”: Така убаво, а така претажно истовремено!

Публиката плачеше и пееше со Андријана на „Ако утре ме нема”: Така убаво, а така претажно истовремено!

by Журнал.мк

Синоќа во Битола во Центарот за култура се одржа седмото издание на концертот ,,Засекогаш во срцата” посветен на наши легендарни музичари.

Годинава концертот беше во чест на Тоше Проески, а поради трагедијата во Кочани се изведоа и песни од ДНК. Андријана Јаневска го отпеа хитот на ДНК, ,,Ако утре ме нема” заедно со НУ Камерен оркестар и маестро Благојче Трајковски, а изведбата на песната предизвика бура од емоции кај публиката.

-Еден од најтешките настапи во мојата кариера, истакна Јаневска на социјалните мрежи.

По завршувањето на изведбата, сите музичари станаа и беа поздравени со долг аплауз од присутните.

-Така убаво, а така претажно истовремено, беше реакцијата на публиката за песната отпеана со многу емоции.

Инаку, Андријана заедно со ДНК имаше заеднички концерт кај нашите иселеници во Дизелдорф, Германија, во февруари, еден месец пред да се случи пожарот во кој животот покрај Андреј од ДНК, го загубија уште седум членови на екипата на бендот.

Музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски и фотографот Александар Ефремов беа помеѓу починатите. Видеото од изведбата на Јаневска е прикачено на музичкиот канал Јутјуб.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk