Home » ПСЖ се подготвени за офанзива во летниот преоден рок

ПСЖ се подготвени за офанзива во летниот преоден рок

by Журнал.мк

Фудбалскиот клуб ПСЖ е подготвен за голема реконструкција во летниот преоден рок. „Светците“ се помирија со заминувањето на Килијан Мпабе, главна цел во преодниот рок ќе им биде да донесат вистинско засилување во нападот.

„Екип“, открива дека ПСЖ подготвиле повеќе од 150.000.000 евра за нови играчи. Прва цел на клубот, во летниот преоден рок ќе биде Ерлинг Халанд. Во клубот биле сигурни дека ќе можат да го донесат напаѓачот на Борусија Дортмунд за 90.000.000 евра.

„Екип“, тврди дека лчубот веќе го контактирал менаџерот на Халанд, Мино Рајола.

Најголемо реновирање клубот ќе направи во редот за врска. ПСЖ не го крие интересот за Пол Погба, кој ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната.

Исто така со ПСЖ се поврзува и Лукас Пакета. Бразилецот по заминувањето од Милан игра во одлична форма за Лион. Спортскиот директор Леонардо смета дека Пакета ќе може да го донесе за 50.000.000 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More