13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ПСЖ му нуди нереален договор на Мбапе со „анти Мадрид“ клаузула

Најчитани вести

Иако Килијан Мбапе со ПСЖ е врзан со договор за уште три години, челниците на францускиот шампион стравуваат од желбата на Реал Мадрид да го ангажираат по секоја цена па веќе размислуваат како да го „врзат“ за долг период.

Како што пренесува шпански „Ас“, ПСЖ веќе подготвил нов петгодишен договор со кој ѕвездата би останала во Париз до 2025 година, но она што е најважно за нив е фактот дека во тој договор би требало да има и таканаречена „анти Мадрид“-клаузула. Тоа значи дека Флорентино Перез не би можел да си ја исполни желбата за ангажман на Мбапе, барем до 2025 година.

Новиот договор би се потпишувал само поради стравот на сопственикот на ПСЖ дека Мбапе би заминал во Реал.

Мбапе во дресот на ПСЖ игра уште една фантастична сезона, на 19 натпревари постигнувајќи 18 гола, притоа и со девет асистенции. Не е ни чудо што неговата вредност е проценета на 200 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com