Home » Психолог вели: Од партнерот или партнерката никогаш не барајте ги овие две нешта

Психолог вели: Од партнерот или партнерката никогаш не барајте ги овие две нешта

by Lina Muslija

Во здрава врска, важно е да ја почитувате индивидуалноста на партнерот и да ја градите врската врз меѓусебно разбирање и прифаќање. Иако компромисите се дел од секоја врска, постојат одредени барања кои можат да создадат напнатост, да ја нарушат довербата и да ја ослабат врската на долг рок.

Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупреди на две вообичаени грешки што ги прават паровите кога бараат нешто еден од друг – а кои можат сериозно да ја загрозат врската.

 

 

„Како терапевт за парови, често гледам дека основата на секоја врска е љубовта и заемната грижа. Но, без оглед на блискоста, постојат одредени работи што никогаш не треба да ги барате од партнерот – освен ако не сакате да создадете незадоволство, напнатост или долгорочно оштетување на врската. Ова се најголемите грешки кои ги прават паровите кога поставуваат барања“, изјави тој за „Psychology Today“.

Според Бернштајн, овие две барања можат да ја уништат врската.

1. Не барајте од партнерот да биде некој кој не е

Поттикнувањето на вашиот партнер на раст е позитивно, но барањето од него да ја промени својата основна природа може да биде штетно.

 

 

„На пример, ако некој е интроверт кој ужива во мирни викенди дома, додека неговиот партнер е екстроверт кој сака да се забавува, постојаното инсистирање на промена може да создаде чувство на неприфатливост. Кога се обидувате да ја промените природата на вашиот партнер, тој може да се чувствува несакан и недоволно добар“, објасни терапевтот.

Наместо тоа, подобро е да најдете компромис – наместо притисок, изразувањето на желбите на начин што покажува ценење може да помогне во зајакнувањето на врската.

2. Не барајте од партнерот да избира помеѓу вас и некој друг кој го сака

Ултиматумите, како што е барањето партнерот да престане да контактира со пријател или член на семејството, може сериозно да ја наруши довербата во врската.

 

 

„Присилувањето на партнерот да избира помеѓу вас и друга важна личност во неговиот живот може да создаде долготрајно незадоволство“, истакнал психологот. Дури иако се согласи, може да почувствува лутина или жалење, што може да ја наруши врската. Наместо тоа, покорисно е искрено и смирено да разговарате за вашите чувства и да се обидете заедно да најдете решение кое ќе ги почитува двете страни.

„Љубовта најдобро напредува во средина на прифаќање, почит и здрава комуникација. Наместо да го принудувате партнерот да се менува или да донесе болни одлуки, фокусирајте се на разбирање, компромиси и отворен дијалог – ова се темелите на трајна и среќна врска“, заклучил Бернштајн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk