Home » Првиот школски ден Сара Мејс ја стави на емотивен тест со мионион прашалници во главата, но едно беше клучно (фото)

Првиот школски ден Сара Мејс ја стави на емотивен тест со мионион прашалници во главата, но едно беше клучно (фото)

by Lina Muslija

Први септември, во случајов втори, започнува со тест, емотивен тест, како за децата, така и за родителите, особено оние што  имаат прваче. Едни ова го сфакаат и доживуваат не така драматично и емотивно, додека други покрај оправданата возбуда, чувствуваат и бура од емоции засилена со многу прашалници.

Меѓу оние родители кои не така опуштено го поминуваат училишниот почеток на своето маче прваче е пејачката Сара Мејс. Нејзината Илина започна со прво одделение, прв училишен ден и сосема нов предизвик пред неа.

Мама Сара е веќе докажан емотивец, па дури и да пушти некоја солза да се стркала по образот уште откако тоа и се случи кога првпат ги праќаше како бебиња во градинка.

Некој ќе рече дека веќе е искусна, па треба малку полабаво, ама Сара јасно си даде до знаење дека кај неа така едноставно без поголема  возбуда, бура од емоции и солзи, денот не поминува.

 

Прашалниците се нафрлаа еден под друг, но еден и остана како базичен – дали има и други родители кои се чувствуваат како неа?

-Родители, само јас плачам на прваче или не?

Потврдните одговори сигурно ги добиваше во порака, но она најважното кое се гледа и од слика е дека на Илинче и е супер новиот предизвик, насмеана, весела и отворена за нови другарства – токму она што ќе ја „крене“ мама Сара.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More