Home » Први во светот ! Јапонците тврдат дека создале дрон што може да насочува удари од гром ! Видео

Први во светот ! Јапонците тврдат дека создале дрон што може да насочува удари од гром ! Видео

by Lina Muslija

Пренасочувањето на грмотевиците подалеку од инфраструктурата и населените области е технолошка можност за која Јапонците тврдат дека сега ја имаат – во форма на специјален дрон што привлекува и пренасочува удари од молњи.
Јапонскиот телекомуникациски гигант Nippon Telegraph and Telephone (NTT) тврди дека го развил првиот дрон способен да привлече и да преживее директен удар од гром, а воедно да остане во воздух. Иако технологијата сè уште не е рецензирана во научни списанија, компанијата вели дека нивната иновација потенцијално би можела да ја заштити инфраструктурата од идни штети од бури.

Тестирање под грмотевици
На 13 декември 2024 година, NTT спроведе она што го опишува како успешен теренски тест во планинска област на јапонската префектура Шимане. Како што се приближувала бурата, дронот се искачил на висина од 300 метри, влечејќи зад себе спроводлива жица поврзана со прекинувач на земјата. Со активирање на прекинувачот, бран електрична енергија поминал низ жицата и го заземјил дронот, засилувајќи го електричното поле околу него. Според NTT, ова предизвикало удар од гром директно во дронот.

И покрај оштетувањето на надворешната заштитна обвивка, NTT наведува дека дронот останал во воздух. За да се спречи внатрешно оштетување од висок напон, уредот бил заштитен со метален Фарадеев кафез, кој спроведува струја околу дронот и ги намалува електромагнетните пречки. Во лабораториските тестови, оваа заштита му овозможила на дронот да издржи вештачки удари од гром пет пати посилни од природните.

Споредба со други технологии за пренасочување на молњи

Исто така, постојат алтернативни технологии за контрола на молњи, вклучувајќи ласерски метод, предложен уште во 1974 година, кој неодамна беше успешно демонстриран. И додека ласерот може да ги пренасочи молњите подалеку од чувствителна инфраструктура, дронот мора да издржи директни удари, што бара напредна заштита за тоа летало.

NTT сака да ги заштити градовите и луѓето од штети предизвикани од гром така што со летачки дронови – дизајнирани да издржат директни удари – за прецизно да ги предвидат локациите склони кон громови, активно да предизвикаат удари и безбедно да ги насочат, според преводот на соопштението за медиумите на компанијата.

Искористување на енергијата на молњата и ефектите од климатските промени
NTT, исто така, ја разгледува можноста за користење на гореспоменатите дронови за собирање енергија од грмотевици. Сепак, идејата е сè уште шпекулативна, бидејќи не постојат батерии способни безбедно да складираат толку многу електрична енергија. Некои експерти претходно ја нарекоа идејата за искористување на енергијата на молњите безнадежна.

Тропските региони веќе доживуваат чести удари од громови, а истражувањата сугерираат дека климатските промени и загадувањето би можеле дополнително да го зголемат овој ризик во иднина.

Извор: Science

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk