Home » Првата дама на Хрватска носи накит од Ивана Кнез на насловната страница на „Глорија“: Ова е огромна привилегија, вели македонската дизајнерка

Првата дама на Хрватска носи накит од Ивана Кнез на насловната страница на „Глорија“: Ова е огромна привилегија, вели македонската дизајнерка

by Журнал.мк

Сопругата на хрватскиот претседател, Сања Мусиќ Милановиќ, носи накит дизајниран од македонската креаторка Ивана Кнез за насловната страница на магазинот „Глорија“. Таа вторпат носи накит од Кнез, откако лани во април носеше уникатен црвен ѓердан на годишната изложба на хрватските архитекти.

„Имам особена привилегија што првата дама на Хрватска, за новогодишната насловна страница на Глорија повторно одбра накит со мој дизајн, кој беше специјално изработен за неа и во оваа прилика“, вели Ивана, која објави неколку фотографии на своите социјални мрежи.

Првата дама на Хрватска е позната како љубител на необичен и впечатлив накит, со кој секогаш го привлекува вниманието во јавноста.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk