Home » Прванов се чуди како исчезнала историјата од заклучокот на Советот за безбедност

Прванов се чуди како исчезнала историјата од заклучокот на Советот за безбедност

by Журнал.мк

Темата за заедничката историја со Македонија тивко и молкум беше исфрлена заклучокот на документот усвоен од бугарскиот Консултативниот совет за национална безбедност, вели во интервју за БНТ Георги Прванов, кој беше претседател на Бугарија во периодот 2002-2012 година. Тој го опиша постигнатиот консензус на Советот како позитивен знак за бугарското општество, но вели дека во усвоените точки во документот недостигаат конкретни чекори.

„Тапкаме во место, се вртиме во круг, и она што е најфрапантно е тоа што тивко ја снема темата за заедничката историја“, рече Прванов.

Наместо тоа, смета поранешниот бугарски претседател, ова прашање требало да се дефинира во позициите на Советот и јасно да стои дека заедничката историја со Македонија е од средниот век, за време на ренесансата, до почетокот на 20 век и дека таа се состои од бугарска национална свест. Но, додаде дека сега луѓето во Македонија се чувствуваат поинаку и нагласи дека тој ја почитува оваа разлика.

Прванов додаде дека не ја потценува идејата на бугарскиот претседател Румен Радев дека треба да се бранат правата на Бугарите во Македонија, но смета дека во овој случај главна тема за Бугарија треба да биде историјата. Тој смета дека референдум за ова прашање не е неопходен бидејќи тоа е работа на дипломатијата и нагласи дека не го интересира притисокот однадвор за решавање на проблемот.

„Сакам да им помогнам на Скопје и на Република Северна Македонија, не затоа што Брисел или кој било друг ни врши притисок, туку затоа што ние сме најблиските народи овде на Балканот. Ако ние, браќата, не си помогнеме, кој друг може да ни помогне. Треба да кажеме ‘Доста е!’, да размислиме и да видиме како ќе излеземе од оваа ситуација“, рече тој.

Според него, од исклучителна важност е да се врати пријателскиот дијалог со Скопје и смета дека во оваа смисла планираната посета на премиерот Кирил Петков е добар чекор напред.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk