Home » Прототипот Porsche LMDh влегува во завршна фаза на тестирање

Прототипот Porsche LMDh влегува во завршна фаза на тестирање

by Журнал.мк

Почнувајќи од сезоната 2023, новиот прототип на Porsche од класата LMDh ќе се бори за сеопфатна победа на најголемите трки на издржливост во светот, вклучувајќи ги Ле Ман, Дејтона и Себринг….

Возилото ќе биде претставено на Светскиот шампионат за издржливост на FIA (WEC) и на северноамериканскиот IMSA WeatherTech SportsCar под името на тимот Porsche Penske Motorsport.

Започна интензивната програма за тестирање за подготовка на дебитантската трка во јануари наредната 2023 година.

Премиерата ќе се одржи на традиционалното отворање на шампионската серија IMSA – 24 часа Дејтона (24 hours Daytona) .

При изборот на мотор со внатрешно согорување кој, според прописите, ќе ги надополни стандардните хибридни елементи, Porsche се одлучи за единица со twin – turbo мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со висок капацитет.

Моќниот мотор е дизајниран да работи на обновливи горива, што доведува до значително намалување на емисиите на CO2.

За време на трката, системската моќност на хибридниот погон достигнува околу 500 kW (680 КС).

„Имавме поголем избор за моторот на нашиот прототип LMDh, бидејќи палетата на производи нуди повеќе ветувачки основни единици“, објаснува Томас Лауденбах (Thomas Laudenbach), потпретседател на Porsche Motorsport. Почетокот на активна програма за тестирање беше важен чекор за проектот.

Урс Куратле (Urs Kuratle), генерален директор на проектот LMDh-класа во Porsche Motorsport: „Претставувањето на тркачкиот автомобил од класата LMDh беше и првпат Porsche Penske Motorsport да учествува на трката.

На крајот на краиштата, оперативните барања за безбедно возење на хибридните возила се многу високи. Во следните излети ќе се фокусираме на подетално разработување на потребните процеси и процедури. Во текот на овие први денови на тестирање во Вајсах, V8-biturbo нè импресионираше во секој поглед, ја избравме вистинската единица. ”

Прописите за моторот за возилата LMDh овозможуваат голема слобода во однос на волуменот, дизајнот и бројот на цилиндрите.

Максималниот број на вртежи е 10.000 вртежи во минута, со мерење на бучава при поминување на автомобилот на 110 децибели. Моторот мора да тежи најмалку 180 kg, вклучувајќи вентилација и систем за издувни гасови, како и периферни компоненти за ладење. Ако се користи, споменатата тежина вклучувајќи турбополнач со ладење на воздухот за полнење.

Според прописите, максималната моќност се движи помеѓу 480 и 520 kW (653 до 707 КС). Овој опсег, исто така, овозможува прилагодување во рамките на параметрите на стандардот BoP (Баланс на перформанси – Balans of Performance), кои имаат за цел да обезбедат паритет помеѓу сите тркачки автомобили од класата LMDh што пристапуваат кон трката.

Кривата на вртежниот момент е исто така јасно дефинирана. Во тркачки услови, комбинираната моќност на моторот со внатрешно согорување и хибридниот погон е вкупно 500 kW (680 КС) на оските.

Добавувачи на стандардни компоненти за обновување (рекуперација), складирање и испорака на енергија се Williams Advanced Engineering (батерија), Bosch (стартер и генераторска единица и контролна електроника) и Xtrac (пренос – менувачка кутија).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More