-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Протести во Црна Гора поради верскиот закон

Најчитани вести

Во неколку градови во Црна Гора и синоќа со мали инциденти беа одржани протести и блокади на сообраќајот по повод усвојувањето на Законот за слободата на вероисповедта. Полицијата пред црквата на Христовото воскреснување во Подгорица употребила солзавец, бидејќи насобраните не сакале да се разотидат.

Во близина на аеродромот кај Подгорица била каменувана полициска патрола и притоа полесно биле повредени четворица полицајци. Протести имало и во Никшиќ, Бар, Тиват.

Во петокот беше усвоен закон со кој на нов начин се уредуваат односите меѓу државата и црквата односно нејзиниот имот. Против законот реагираше Српската православна црква во Црна Гора, оценувајќи дека законот ќе доведе до грабеж на имотот на таа црква.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести