Home » Протест пред Уставниот суд во Белград за поништување на изборите

Протест пред Уставниот суд во Белград за поништување на изборите

by Журнал

Пред зградата на Уставниот суд на Србија во Белград се одржа протест поради наводите за нерегуларности и кражба на гласови на изборите одржани на 17 декември.

Протестот го организираше најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“, која претходно поднесе барање до Уставниот суд за поништување на парламентарните избори.

Тоа е последната правна инстанца во Србија откако Републичката изборна комисија ги објави конечните резултати од изборите на 12 јануари, а сите приговори на опозициската коалиција беа отфрлени.

Уставниот суд по правило нема рокови за донесување одлуки.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More