Неколку илјади граѓани на Валенсија, претежно родители и наставници, синоќа протестираа низ шпанскиот град, барајќи итно да бидат оспособени училиштата оштетени од неодамнешните катастрофални поплави за да се обезбеди настава за учениците.
Демонстрантите повторно побараа оставка од регионалниот лидер Карлос Мазон, кого го сметаат одговорен за катастрофалните последици од поплавите што ја зафатија Валенсија пред еден месец.
Вкупно 224 луѓе загинаа во поплавите во Валенсија на 29 октомври, најголемата природна катастрофа во Шпанија во изминатите неколку децении, а сѐ уште се трага по пет исчезнати лица. Калот од улиците главно е исчистен, но 30 училишта сѐ уште се затворени, поради што е прекината наставата за 13.000 деца.