Home » Протекоа европските цени на Samsung Galaxy S22 серијата

Протекоа европските цени на Samsung Galaxy S22 серијата

by Журнал.мк

Се очекува Samsung конечно да ја претстави својата флегшип Galaxy S22 серија за околу две недели. Безброј информации во текот на изминатите месеци оставија малку или никаква непозната во моментот, но познатиот дојавувач Roland Quandt сега информира за еден од најважните аспекти – цените. Основниот Galaxy S22 модел со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање на податоци ќе се продава по цена од 849 евра во Европа.

Со зголемување на 899 евра, ќе го добиете моделот со 8/256 GB. Galaxy S22+ започнува од 1.049 евра за моделот 8/128 GB и оди до 1.099 евра за моделот со 8GB RAM и 256 GB складирање. Интересен дел доаѓа кога ќе го погледнеме S22 Ultra со основната верзија која добива само 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање за одлична цена од 1.249 евра. Ова е прилично чудно бидејќи S20 Ultra и S21 Ultra доаѓаа со 12 GB RAM во основните верзии.

https://twitter.com/rquandt/status/1484689280425414661?s=20

12GB RAM и 256GB на S22 Ultra наводно ќе чинат 1.349 евра, додека топ моделот со 12GB RAM и 512 GB простор за складирање ќе чини 1.440 евра. Вреди да се напомене и отсуството на 16 GB RAM меморијата, но сепак ќе мораме да почекаме и да видиме дали овие гласини се точни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More