35
Денеска на прошталната средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри, изразив благодарност за неговиот значаен придонес во унапредувањето на италијанско-македонските односи и за успешната соработка за време на неговиот дипломатски мандат во нашата земја. Воедно, ја потврдив подготвеност за натамошно продолжување на отворениот дијалог и по пристигнувањето на новиот амбасадор, имајќи ја предвид засилената динамика на политичкиот дијалог и честите средби на високо ниво меѓу двете земји во изминатиот период.
На средбата разменивме мислења за актуелните прашања поврзани со европското досие на Република Северна Македонија. Изразив благодарност за континуираната поддршка на Италијанската Република за нашите стратешки определби за членство во Европската Унија. Дополнително, ја нагласив нашата силна посветеност на спроведувањето на реформската агенда, која е од суштинско значење за отворање нова фаза во пристапниот процес и постигнување целосно членство во Унијата.