Home » Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов

Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов

by Журнал.мк

Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки.

Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување на добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ ИПА, кофинансирана од Европската Унија. Оваа програма овозможи значајни заеднички проекти, кои придонесоа за создавање одржливи и доверливи односи меѓу пограничните региони. На средбата беше истакнат потенцијалот за продолжување на соработката, вклучувајќи стратешки иницијативи како што е планираното отворање на граничниот премин Клепало/Струмјани, што се очекува да ја подобри регионалната поврзаност.

Двете страни ја потврдија својата посветеност на понатамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи и истражување на можности за соработка во рамките на реформите поврзани со ЕУ. Министерот Муртезани му посака успех на Амбасадорот во неговите идни активности.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More