Home » Проштална средба Муцунски –Гжелчик

Проштална средба Муцунски –Гжелчик

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.

На средбата, министерот Муцунски се заблагодари за целокупниот ангажман и активен придонес во насока на јакнење на односите меѓу двете земји. Воедно, ја истакна важноста која земјава ја дава на развивањето и негувањето на севкупните односи и соработка со Полска, кои се потпираат на длабоко пријателство и споделени вредности.

Воедно, Министерот се заблагодари за принципиелната и силна полска поддршка на нашата интеграција во ЕУ, како на билатерално ниво, така и преку Вишеградската група, и ја нагласи посветеноста на новата Влада за продолжување на европскиот пат, преку исполнување активна агенда на реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународен план.

Двете страна, како сојузници во рамки на НАТО Алијансата ја нагласија одличната по однос сите клучни теми, притоа беше потврдена подготвеноста за натамошна координација и соработка во контекст на претстојниот јубилеен Самит на НАТО во Вашингтон.

Министерот го запозна Амбасадорот со приоритетите на новата Влада, со фокус на нашиот интерес за продлабочување на економската соработка и привлекувањето нови полски инвестиции во нашата земја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More