Home » Просечната плата во МРТ е 48.000 денари, јавниот сервис на крајот на 2024 година имал 630 вработени,

Просечната плата во МРТ е 48.000 денари, јавниот сервис на крајот на 2024 година имал 630 вработени,

by Журнал.мк

Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија го објави годишниот извештај за реализација на програмата за работа за 2024 година. Според објавените податоци, МРТ на крајот на 2024 година имала 630 вработени, што е за триесетина луѓе помалку во споредба со состојбата од крајот на 2023 година, пишува „Фокус“.

– Со стекнување на правото на пензионирање од МРТ заминати се 24 лица од кои: Раководител на Сектор со ВСС, 3 Уредници на редакција со ВСС, 5 Новинари со ВСС, Оператор на програма со ССС, Режисер 2 со ССС, Уредник на програма со ВСС, Референт 1 со ССС, Новинар дописник со ВСС и Новинар дописник со ССС, 1 Снимател камерман со ВСС, 1 Продуцент 2 со ССС, 2 Стручни соработници со ВСС, 1 Уредник на програмски сервис со ВСС, 1 Раководител на одделение со ВСС, Референт 2 со ССС, Техничар 2 со ССС и Снимател на тон со КВ, пишува во извештајот.

Просечната нето-плата по работник во Македонската радиотелевизија во 2024 година изнесувала 48.104 денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk