Home » Просечната плата се зголеми на речиси 40.000 денари

Просечната плата се зголеми на речиси 40.000 денари

by Журнал.мк

Се зголемиле платите во Македонија според Државниот завод за статистика(ДЗС). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари. Во неколку сектори платите се зголемиле.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 отсто) и Градежништво (21.8 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 отсто), Уметност, забава и рекреација (9 отсто) и Рударство и вадење на камен (8.6 отсто).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk