Home » Просечната нето плата во Црна Гора блиску до 1000 евра

Просечната нето плата во Црна Гора блиску до 1000 евра

by Журнал.мк

Просечната октомвриска нето плата во Црна Гора била 944 евра, објави црногорскиот Завод за статистика (Монстат). Како што соопштија од таа институција, бруто платата во октомври изнесувала 1137 евра.

„Просечната нето плата во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година бележи раст од 7,6 отсто, додека просечната (нето) плата во октомври 2024 година во однос на истиот месец од претходната година бележи раст од 17,6 отсто. Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври 2024 година останаа на исто ниво во однос на септември 2024 година, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи раст од 7,6 отсто“, се наведува во соопштението.

„Методологијата за пресметување на просечните плати ги опфаќа сите плати исплатени во октомври, а не платите пресметани само за месец октомври (кои се исплаќаат до 15 ноември). Оттука, просечната плата во статистичкото истражување за месец октомври не се однесува на сите октомвриски плати кои голем број на извештајни единици ги исплаќаат во ноември, туку тие ќе бидат составен дел од истражувањето за ноември, кое ќе биде објавено на 30 декември“, се додава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk