-2 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Пропустот за бегството на Груевски да го утврди Обвинителството и да покрене постапка, порача Спасовски

Најчитани вести

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски денеска рече дека не се чувствува повикан од ставот во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што една година по бегството на Груевски, сѐ уште нема извештај од институциите за тоа како избега Груевски.

„Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на којшто се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела. За тоа говорам цело време“, изјави Спасовски по почетокот на активностите за изградба на нова зграда за Крим техника при МВР.

Тој додаде дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе ѝ бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.

„Истрагите не може да ги водиме во јавност и преку камери, тие се водат во ЈО и кога ќе дојде моментот на затворање на истрагата се соопштува во јавност“, наведе Спасовски.

Прашан дали очекува да биде идниот технички премиер, тој повтори дека е подготвен да се бори за уште еден мандат на Владата, без оглед на тоа, како што вели, дали ќе биде на одредена позиција или само потпретседател на СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести