Home » Пропаѓаат детските одморалишта во Охрид

Пропаѓаат детските одморалишта во Охрид

by Журнал.мк

Објектите каде во минатото секое лето се сместуваа илјадници туристи, сега се целосно уништени.Обвиени се во висока трева и трња, додека вантрешниот дел е демолиран и единственo служат како јавни тоалети. Вака денес изгледаат некогаш најпопуларните одморалишта во Охрид, младинското одморалиште, Магнус и Феријалното одморалиште.
Едно од најубавите одморалишта на охридската ривиера, одморалштето Магнус, денес наликува како од хорор филмовите. Наместо овде да доаѓаат туристи, овде на лето се сместуват лица од ромска националност, кои питачат во охридскиот регион.

Она што го регистрираше камерата на Алсат се искрешени прозори, врати, демолирани тоалети и соби. Небезбедно е дури и движењето низ нив, поради опасност од рунираните објекти. Жителите се сеќаваат на убавите денови поминати овде.

„ Ова овде беше младина, убавина, со песни и игри, весело беше. Сега е мртво. Овде во одморалиштето Младост, почнаа да работат, ги извадија плафоните, трските, ги вадеа дрвата. Рековме ќе почнат. Барале дозвола за уште еден спрат, државата не им дала и сега е мирно.Тој што го зел најверојатно нема корист со еден спрат“, рече еден жител.

„Овде едни доаѓаат ги земат, доаѓаат други ги бркаат, па ги земаат други и гледате како е запустено“, додаде друг жител.

Граѓаните велат дека се слушаат разни гласини за сопственоста над двата објекти, но бараат кој и да е газда, да инвестира во нивно обновување.

„Никакви станбени објекти, ова да остани како што е, да се изгради.Да се направат плажи.Ова да се направи пак како што било, да си биде пак Феријалкен сојуз.Поволно државата да им дава да летуваат овде, да си ги задржиме младите тука“, рече еден жител.

На овој простор со површина од 18 хектари, каде е сметснео одморалиштето Магнус со години се најавува изградба на нов туристички и деловен комплекс, но од тоа за сега нема ништо.Од Општина Охрид велат дека уште во 2016 година со одлука на Совет е донесен урбанистички план за овој дел, каде се опфтатени и предвидените објекти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk