Специјалните единици на МВР попладнево го пронајдоа телото на мажот кој вчера исчезна по трагичната сообраќајна несреќа во близина на Рашче, во која три жени загинаа, а едно дете се здоби со телесни повреди.
Од вчера екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаа мерки и активности за пронаоѓање на лицето, кое го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.
Се претпоставува дека и за телото на мажот ќе биде наредена обдукција.