Home » Пронајдена е британска новинарка која била пријавена за исчезната во Бразил во февруари

Пронајдена е британска новинарка која била пријавена за исчезната во Бразил во февруари

by Журнал.мк

Британска новинарка која била пријавена како исчезната во Бразил од февруари е пронајдена и е во добра состојба, соопшти полицијата, објави Би-Би-Си. Шарлот Алис Пит, 32, била прогласена за исчезната откако нејзиното семејство во Обединетото Кралство пријавило дека изгубила контакт со неа.

На крајот на февруари, беше објавена снимка од надзорна камера од хостел во Рио де Жанеиро, каде што таа се сместила на 17 февруари. Здружението на странски дописници во Бразил (ACIE) издаде соопштение во кое изразува загриженост за нејзиното исчезнување.

Во понеделник, бразилската полиција за Би-Би-Си изјави дека Пит била пронајдена во хотел во Сао Паоло во март и дека изјавила дека не сака да има контакт со членовите на нејзиното семејство.

„Истрагата за исчезнувањето е затворена“, изјави портпаролот на Граѓанската полиција на државата Рио де Жанеиро.

Во времето на нејзиното исчезнување, се верува дека таа последен пат контактирала со пријателка на 8 февруари, велејќи дека е во Сао Паоло и дека планира да патува во Рио де Жанеиро. Оттогаш немала конктакт со неа.

Неколку дена подоцна, нејзиното семејство во Велика Британија го известило пријателката дека повеќе не можат да ја контактираат и ѝ ги доставиле на полицијата деталите за нејзиниот лет и копија од нејзиниот пасош за да помогне во потрагата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk