4 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Промоција на „Средни години“ од Алеш Мустар

Најчитани вести

Во рамките на „Мал новогодишен саем на книга“ во МКЦ, вечерва ( петок, 27.12.2019, од 19 часот) ќе се одржи промоција на „Средни години“ од словенечкиот поет Алеш Мустар, во издание на Или-Или а во препев од словенечки на Лидија Димковска.

Низ разговор со авторот книгата ќе ја претстават Александра Јуруковска и Лидија Димковска.

  • Алеш Мустар со пораките и уметничката вредност на својата оригинална автопоетика, со оваа збирка претставува неповторлив глас во словенечката поезија. (Жири за наградата „Вероника“)
  • Поетскиот глас е разбирлив, непосреден и емотивно обележан, а уште една одлика на авторот е високата мера (само)иронија, црн хумор, па и цинизам од една, како и остра општествена критичност од друга страна. (Кристина Слуга, „Букла“)
  • На „Средните години“ на Алеш Мустар нема што да им се забележи. Кон тоа најмногу придонесуваат комуникативната дикција, неприсилената поетска градба и крајно луцидната иронија на неговата поезија. (Мартина Потиск, „Содобност“).

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести