Home » Промена на нелегитимниот претседател, го руши угледот на здравството и вработените, бара Независниот синдикат за здравство

Промена на нелегитимниот претседател, го руши угледот на здравството и вработените, бара Независниот синдикат за здравство

by Журнал.мк

Како членови на Независниот синдикат за здравство сакаме да истакнеме дека составивме иницијативен одбор кој бара промена на нелегитимниот Претседател, Боби Бојчевски, се вели во соопштението.

-Ова наше барање доаѓа како резултат на тоа што Претседателот, Боби Бојчевски веќе подолго време не се грижи за вработените во здравството и лажно се претставува како наш вистински и искрен претставник. Бојчевски не прави ништо друго освен што го руши угледот на здравството и вработените во здравствениот систем. Веќе подолго време овој синдикат претставува “членарина” синдикат и машина за собирање само на финансиски средства без притоа членовите и здравствените работници да имаат вистинска борба за своите работнички права. Членството во синдикатот веќе има собрано потписи за смена на Претседателот. Доколку тој самиот не поднесе оставка, ние ќе поднесеме пријава. Доста е со расипничкото водење на нашиот синдикат од страна на нелигитимниот Претседател. Со ова наше соопштение сакаме да ја информираме целата јавност за тоа што се случува во нашиот синдикат, информираат од Независниот синдикат за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk