Наскоро пристигнува пролетта, омиленото годишно време на многумина, но прогнозите за времето за претстојниот период не се многу надежни. Кон крајот на март, ќе почне и летното сметање на времето, со што ќе имаме подолг ден.
Пролетта календарки пристигнува следната седмица, на 21.март. Денот ќе биде подолг, а природата веќе полека се буди. Но, според метео прогнозите, следната работна недела се очекува заладување во земјава.
– Од вторник пак (18. март) зимата на Балканот и во нашата Македонија се враќа на голема врата, проследено со силен северен ветер, силен пад на температурите ( и за повеќе од 20 степени) и со повремени врнежи од снег на повеќе места, снег со овој многу ладен продор од север ќе има и во градовите, прогнозираат метеолозите.
На првиот ден од пролетта се слави и големиот верски празник Младенци – денот на пролетта, младоста, љубовта и верноста на младите брачни парови…