Home » Пролетни алергии

Пролетни алергии

by Журнал.мк

Алергиите настануваат со цветањето на дрвјата и цвеќињата, поленовите зрна чии честички се мали и невидливи за голото око, со инхалирање на воздухот влегуваат во организмот при што предизвикуваат активирање на имунолошкиот систем на организмот …

Пролетта покрај тоа што е едно од најпосакуваните годишни времиња за пациентите кои се соочуваат со пролетни алергии воопшто не е едно од нив. Алергиите настануваат со цветањето на дрвјата и цвеќињата, поленовите зрна чии честички се мали и невидливи за голото око, со инхалирање на воздухот влегуваат во организмот при што предизвикуваат активирање на имунолошкиот систем на организмот.

Алергија претставува хиперсензитивност односно преосетливост на организмот кон даден алерген кој во овој случај претставува поленот, додека алергиска реакција претставува реакција на имунолошкиот систем на организмот кон дадениот алерген.

Соодветен третман и ублажување на тегобите од пролетните алергии се, антихистаминици, кои го намалуваат кивањето, течењето на нос, чешањето, преку намалување на хистаминот во организмот во форма на таблети, спреј за нос, капки за очи, кортикостероиди во форма на таблети, инјекции, инхалатори.

Имунотерапија, за промена на алергискиот статус на организмот може да се примени специфична имунотерапија или алергиска вакцинации, односно постои алергиска преосетливост само на една група на полен.

Држете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на поленот од тој вид е висока. Природна алтернатива против алергии може да се ублажи или целосно да се отстрани пролетната алергија се препораки кои генерално се однесуваат на зајакнување на имунитет, чистење на организмот, консумирање на храна богата со витамин Ц и консумирање на природни средства кои делуваат како антихистаминици. Така на пример, секојдневното консумирање на една лажичка мед неколку недели пред да започне цветањето на растенијата, може значително да ја намали алергијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More