Адвокатот во егзил од Русија, Вадмин Прокхоров во Аргумент плус рече дека, морал да замине и да ја напушти Русија бидејќи добил информација дека може да го уапсат. Тој зборуваше и за невладината организација „Меѓународен центар за заштита“ која соработува со руските адвокати.
„Јас заминав и работам во Стразбур токму сега затоа што морав ја напуштам Русија неколку дена пред пресудата за Карамурза. Тоа беше на 23 април, порадни закана од име на обвинителот, главниот судија во оваа псотапка и така добив информации за можно апсење за неколку неледи. И за мене беше опасно да останам во Русија за жал. Но сега постои позната невладина организација ‘Меѓународен центар за заштита’, основан пред 20 год од познат руски адвокат мој професор и ние работиме во рамкте на овој Центар. Соработуваме со нашите храбри колеги кои престојуваат во Русија“, рече Прокхоров.
Тој зборуваше и за тоа дека во моментов во Русија нема многу адвокати кои се борат за човековите права на затворениците и заложниците.
„Во Русија за жал нема многу адвокати за човекови права. Некои од наште колеги имаат потекло од КГБ, полициско потекло итн, и не сите од нив се подготвени да ги заштитат и да им дадат правна помош на руските политички затвореници, на украинските воени затворенииц и цивилните заложници итн. Но нашите храбри колеги кои се во сорабтока со нашиот центар си ја вршат својата секојдневна работа и мислам дека се храбри. Се трудат да ги заштитат украинските воени зарбоеници кои во Русија ги има неколку илјади“, додаде Прокхоров.